(Видео) Перев: Бугарите во Македонија ќе ги зачуваат имињата на своите клубови
Бугарските културни клубови нема да одлучат да се затворат сами или да ги променат своите имиња. Ова го изјави публицистот и редовен колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев, во емисијата „Одговорите“ на бугарскиот информативен портал Актуелно.
„Тие можат да се најдат во ситуација насилно да бидат избришани од регистарот на политички здруженија и организации и потоа да одат во Европскиот суд во Стразбур и таму да се води предмет. Македонија не смее да заборави дека имаше еден Владо Панков кој водеше судски спор за здружението Радко и кој го доби случајот. Да, оттогаш помина многу време, тој се бореше сам, но сега, со силите на цела држава, со силите на македонските Бугари, случаите ќе траат многу кратко и ќе се добијат“, истакнува Перев.
Познатиот публицист, кој беше награден со плакетата „Будител на годината“ од страна на бугарската амбасада и Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје смета дека Бугарите секако ќе бидат вклучени како државотворен народ во македонскиот Устав.
„Треба само да помине некое време. Дали шест месеци, дали една година или две години, ова е неповратен процес и овој процес никој не може да го запре“, изјави Перев.
Дали отворањето на македонистичкиот културен клуб во Благоевград било провокација и дали бугарската реакција била адекватна според Владимир Перев, ќе дознаете од видеото што следи:
