| |

ЗАЕВ: БОРИСОВ Е ПРОТИВ БУГАРСКОТО ВЕТО

„Тврдам дека огромно мнозинство од бугарскиот народ е против блокада и пречки за македонскиот народ на патот кон ЕУ“, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Дојче веле по бугарската блокада на патот кон ЕУ.
„Тврдам исто така дека и Борисов е против, затоа што тој е отсјај на својот народ. Но секако, тој има и коалициски партнери. Јас често го слушам мојот добар пријател Каракачанов. И тврдам дека тој ја сака Македонија, но некојпат на погрешен начин ја сака Македонија. Му го имам тоа и нему кажано. Тоа е како што велат „аман брату, немој толку да не сакаш“. Значи тој ја сака Македонија, но на погрешен начин. Треба да продолжи да ја сака, но и да покаже дека тоа што нему му тежи и му е проблем, како што вели: Блгарски Македонец; тоа се решава“, вели Заев.



Слични Објави