| |

БАЈДЕН НЕ МУ ДАВА ПРИСТАП НА ТРАМП ДО РАЗУЗНУВАЧКИТЕ ПОДАТОЦИ

Американскиот претседател Џо Бајден не сака да продолжи да му дава пристап на неговиот претходник Доналд Трамп до доверливи разузнавачки информации, каква што е практика, рече тој во интервју за Си-Би-Ес.

Трамп покажа „нестабилно однесување“ и може да излезе во јавноста со доверливи информации, рече Бајден во интервју за Си-Би-Ес објавено вчера вечер по американско време.

Бајден не сакал да шпекулира за тоа што може да се случи, но рече дека на Трамп едноставно повеќе не му требаат тие информации.

Претседателот истакнал дека неговата проценка не е поврзана со охрабрувањето на Трамп од неговите приврзаници насилно да го нападнат Капитол на почетокот на јануари.

„Која е вредноста да му се дадат разузнувачки информации, каков ефект може да има од сето ова, освен да може да му се лизне и да каже нешто“, се прашувал Бајден.

Неговото цело интервју со Си-Би-Ес е предвидено да се емитува во недела пред Суперболот.

Поранешните американски претседатели генерално продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации, но пред Трамп да ги добие, Бајден мора да се согласи.

Критичарите го обвинија Трамп за протекување доверливи информации неколку пати за време на неговиот мандат.

Според извештаите на американските медиуми, тој покажал мал интерес за разузнавачките брифинзи за време на неговиот мандат, додека Бајден ги чита на дневна основа.

Слични Објави