Д-р Димитар Точков (1874-1941) – бугарски финансист, научник и општественик од Македонија
Во бугарската Национална библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“ на 25 февруари со почеток од 18 часот ќе бидат претставени зборник и монографија посветени на животот и делото на бугарскиот финансист, научник и општественик од Охрид д-р Димитар Точков. На настанот ќе биде претставена и документарна изложба од фондот на Библиотеката и од личните архиви на неговите наследници и блиски.
Изданието „Д-р Димитар Точков (1874-1941)“ е замислено, подготвено и составено од проф. Рајна Николова и вклучува две книги: „Научната дејност на д-р Димитар Точков“ и „Советник, ковчежник, полномошник. Припадноста на д-р Димитар Точков кон ВМОРО во периодот 1912 -1918 г.“
Другите автори што учествувале во овој истражувачки проект, поддржан од Нов бугарски универзитет, се доц. д-р Живко Лефтеров и доц. д-р Светла Јанева.
Модератор на настанот ќе биде проф. д-р Рајна Николова. Се очекува во претставувањето да учествуваат проф. д-р Даниел Вачков и доц. д-р Георги Георгиев од Институтот за историски истражувања при БАН, како и ректорот на НБУ проф. Пламен Дојнов.
„Научната дејност на д-р Димитар Точков“ е зборник со научните истражувања и бугарскиот превод на одбранетата во Универзитетот во Хајделберг во 1900 г. докторска дисертација на Димитар Точков.
А научното истражување на доц. Живко Лефтеров за придонесот, улогата и влијанието на Димитар Точков во борбите за национално обединување од второто десетлетие на ХХ век е монографија, насловена „Советник, ковчежник, полномошник. Припадноста на д-р Димитар Точков кон ВМОРО во периодот 1912 -1918 г.“
Димитар Точков е роден во Охрид. Учи во Пловдив, Цариград, Лајпциг и Хајделберг. Владее пет јазици. Ја брани докторската дисертација на Универзитетот во Хајделберг, чија тема е поврзана со претприемачката дејност на татко му и чичко му – трговијата со кожи и кожарството во Охрид. Во 1901 година Точков со семејството се населува во Софија и започнува работа во Министерството за финансии на Кнежевството Бугарија како контролор на државните долгови. 20 години е директор на „Кредитна банка – БАД“, како и на „Бугарската лотариска банка – БАД“. Директор е на првото бугарско граѓанско воздухопловно друштво „БУНАВАД“ во 1927 г.
За време на Балканските војни финансистот Точков е службеник за набавки во Македонско-одринското ополчение, а исто така е советник, ковчежник и полномошник на ВМОРО во периодот 1912-1918 г. За учеството во Балканските војни д-р Точков е одликуван со знакот на воениот орден „За храброст“ IV степен и Сребрен крст „Свети Александар“.
За време на Првата светска војна д-р Димитар Точков извршува дипломатски мисии во Берлин, Рим, Константинопол и др. (1914-1918 г.)

