| |

ДОКТОР НИКОЛА ПАНОВСКИ: ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ БАРЕМ ПО 5 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ДНЕВНО

Израел излегува од корона битката како победник, зашто бројот на заразени во оваа земја падна драстично меѓу оние кои се вакцинираа. Успешната вакцинална програма може брзо да ја заузда пандемијата, како што покажаа студии од оваа земја, кои покажуваат дека бројот на хоспитализации и заразени меѓу вакцинираните почнал да опаѓа драматично, ефект што земјата го опишува како ,,магија”.

Колку вакцини се потребни за истата ,,магија”да се случи во Македонија, колку вакцинирани граѓани треба да има, кој треба да ги прими и во колкав временски период за да почне да се стабилизира пандемијата и да се оквалификува како завршена? Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски вели дека Македонија тешко ќе го постигне капацитетот на вакцинирани што го има постигнато Израел и дека потребно е наместо најавените 2.500 луѓе дневно, да се даваат вакцини на барем 5.000 луѓе дневно. Тој исто така рече дека не може да се избегне фактот што ќе има граѓани кои не сакаат да се вакцинираат.

Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Слободен печат



Слични Објави