| |

ФОТО: Фасадата на МЕПСО мувлосана и распукана

Фасадата на зградата во која се наоѓа Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) е напукана и мувлосана. Тоа може да се види на фотографијата што ја направивме денеска. Потсетуваме дека за да се смени рувото на зградата на МЕПСО во барок стил како дел од проектот „Скопје 2014“ беа потрошени 11 милиони евра. Уште кога се поставуваше гипсената фасада над постоечкиот објект, граѓаните на социјалните мрежи се прашуваа колку време истата ќе остане во истиот „блескав антички“ вид.

„Трибуна“ прашува: Ќе понесе ли некој кривична одговорност за ова расипничко трошење на парите на граѓаните?

Слични Објави