| |

БКИЦ во Скопје го поздрави почетокот на пробите на театарската претстава „Без крв“, заеднички проект на театрите во Пловдив и Велес

Бугарскиот Културно-Информативен Центар во Скопје го поздрави почетокот на пробите на театарската претстава „Без крв“, која е дел од двегодишниот заеднички меѓународен проект „Манифест“ на Драмски театар-Пловдив и Театар Јордан Х.К. Џинот-Велес, јавува бугарската културна институција.

Проектот се реализира со поддршка на министерствата за култура на двете земји, Бугарскиот културно-информативен центар Скопје, како и Фондацијата „Пловдив 2019“ во рамките на програмата „Наследство 2023“. Бугарскиот Културно-Информативен Центар Скопје го поддржува и е дел од овој меѓународен проект втора година по ред. Сигурни сме во успехот на продукцијата, многу сме среќни и му попосакуваме на целиот тим на претставата „Без крв“ инспиративни и плодни проби, велат од БКИЦ Скопје.



Слични Објави