ФУДБАЛСКИТЕ КЛУБОВИ ВАРДАР, МЕТАЛУРГ И БЕЛАСИЦА ПОМЕЃУ НАЈГОЛЕМИТЕ ДОЛЖНИЦИ НА УЈП

Управата за јавни приходи објави најнова Листа на должници бр.01/2020 за долгови до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година. На листата се наоѓаат 1.995 правни лица и 2.515 физички лица.

Вкупниот долг на листата изнесува 10.006.432.444 денари, а на неа се наоѓаат и поголемите фудбалски клубови од Македонија, кои должат големи суми. ФК Вардар должи 22,7 милиони денари, ФК Металург должи 3,3 милиони денари, а ФК Беласица 405.734 денари.

Вкупната листа можете да ја видите тука.