Видео: Бугари и Македонци заедно му оддадоа почит на Гоце Делчев во Благоевград
Синоќа во Благоевград, Бугари и Македонци му оддадоа почит на револуционерот Гоце Делчев. Стотици граѓани им се придружија на учесниците во оваа иницијатива на централните улици во најголемиот град во Пиринско. Ова е прва заедничка комеморација на историска личност по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Учесниците во одбележувањето на годишнината од загинувањето на Гоце Делчев положија свежо цвеќе на споменикот на револуционерот во центарот на Благоевград.

