„ЛА ВЕРИТА“: ФИЛИПЧЕ СЕ СОГЛАСИЛ ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ РИЗИКОТ ДА БИДЕ НА НАШ ГРБ
Италијанскиот весник „Ла верита“ во денешното продолжение за скандалот за тоа како Македонија ги набавувала кинеските вакцини, ги објавува писмата на македонскиот министер за здравство Венко Филипче до кинескиот производител на вакцини „Синофарм“, но преку една компанија од Хонг Конг формирана во 2017 година. Оваа фирма „Стабри“, е сосема друга од она што премиерот Зоран Заев го изјавуваше деновиве, дека се работи за компанија блиска до „Синохидро“ чија компанија мајка е „Пауер Чајна“, јавува Вечер.
Во писмото на министерот Филипче испратено на 25 јануари до кинеската компанија „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла верита“, е спротивно на многу меѓунариодни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.
Целиот напис прочитајте го овде.

