НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ЗА ВАКЦИНИТЕ ОД КОВАКС
Дали и кога Македонија ќе добие вакцини преку Ковакс. Од ГАВИ, Алијансата за вакцини, задолжена за програмата Ковакс преку која се испраќаат вакцини на земји со среден или низок приход нема прецизен одговор дали Македонија ги исполнува наведените услови.
Но, министерката Радмила Шекеринска очекува утре на седница на Влада да се дискутира за дел од прашањата поврзани за добивање, пристигнување и исполнување на условите во однос на вакцините од КОВАКС механизмот.
Одговарајќи на новинарско прашање, таа посочи дека се додека не добијат информации и владините министри, за сите овие прашања да се комуницира со институциите задолжени за тоа, потенцирајќи дека нема понови информации од она што е познато во јавноста.

