| |

УШТЕ ЕДНО ДЕЛО ПРОТИВ МИЈАЛКОВ МОЖЕ ДА ЗАСТАРИ

Постои можност да застари уште едно дело против поранешниот шеф на полицијата Сашо Мијалков, откако еден месец пред да му се пресуди затворска казна од 12 години беше објавено дека на Мијалков нема да му се суди за едно дело во судскиот процес „Тврдина-Таргет“ за незаконското прислушување во периодот меѓу 2008 и 2015 година, јавува Плус Инфо.

Станува збор за дело во предметот „Титаник 2“, процес кој се однесува на изборни нерегуларности и почна пред три години, па со одлука на Апелацискиот суд беше вратен на повторно судење.

Ова го потврдија од Коалицијата за правично судење која ревносно ги следи судските процеси.

Поради застарување во процесот „Таргет Тврдина“, познато е дека отпадна едно од кривичните дела на обвинетиот Мијалков, односно застаре само делото за влијанието на поранешниот шеф на УБК за уништувањето на опремата со која се вршело прислушувањето.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави