Османи на министерски состанок на Вишеградската група и Западен Балкан
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе присуствува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, што се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група.
Состанокот ќе се одржи во Познан, а на него се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување на ЕУ по состаноците на советите на ЕУ. Ќе се разговара и за регионалната соработка и пост-пандемиското економско заздравување на регионот, јавува Зоом.мк
Целиот напис можете да го видите овде.
