|

Заев: Се потврди дека не се преговара за македонскиот јазик и идентитет, продолжуваат напорите за повлекување на бугарското вето

Премиерот Зоран Заев смета дека нема потреба од предвремени избори поради повторената блокада од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, а следната реална можност кога за тоа ќе се одлучува ја очекува во декември на крајот од словенечкото претседателство, согласно праксата на Унијата, иако на 6 октомври е закажан самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ.

– Знаете, во такви предизвици кога се случија уставните промени, ги направивме сите реформи дома и навистина тоа стопроцентно беше потврдено, заради новата методологија на предлог на францускиот претседател, се случи одложувањето. Тогаш ја поднесов оставката и повикав на избори и отидовме на избори со главна помисла дека граѓаните треба да одлучат – остануваме на европскиот пат или ќе разработиме други варијанти. Одлучија граѓаните, дадоа поддршка и покрај такви тешки процеси еве јас добив чест и одговорност повторно да ја водам македонската Влада. Сега мислам дека нема потреба, заради тоа што не е во ред – секоја година се одлучува од страна на ЕУ и секоја година не е рационално да се оди на избори, изјави премиерот Зоран по отворањето на нова спортска сала во ООУ „Јоаким Крчоски“ во село Волково.

Во однос на разговорите со Софија за деблокада на нашите евроинтеграции, тој се согласи со коментарите на министерот за надворешни работи Бујар Османи и нагласи дека важна работа е дека се потврди оти не се преговара за македонскиот јазик и македонскиот идентитет и оти продолжуваат напорите за повлекување на ветото од Бугарија.

– Тоа го соопшти и бугарската страна, затоа што тоа е предвидено во преговарачката рамка и таму стои „преводот на акито ќе биде на македонски јазик“, јавува Зоом.мк


Целиот напис можете да го видите овде.



Слични Објави