Роднина на патник на Беса Транс: Немам никаква информација за мојот братучед, никој не ми се јавува

//

Пред седиштето на туристичката агенција „Беса Транс“ се насобрани роднини на патниците кои патувале со нивните автобуси од Турција до Скопје. Пред агенцијата има зголемо присуство на припадници на МВР. Еве што кажа еден од присутните роднини.

„Информацијата во 6 часот утрово ја видовме на интернет, поточно на Facebook. Мој братучед беше во Турција, се пуштивме на интернет, на бројот на телефонот. Цело време се јавуваме во „Беса Транс“. Немам никаква информација, никој не ми се јавува. Како што знаат да се јавуваат, кога се работи за прошетки на луѓе и да бараат патници, така треба и сега да се јават“, изјави роднина на патник кој патувал со автобус на Беса Транс од Турција кон РС Македонија.



Претходна статија

Каракачанов изрази сочувство за жртвите од несреќата: Ние сме браќа и болката е заедничка

Следна статија

Бугарија ќе прогласи ден на жалост

Најново од Вести