Бугарија ќе прогласи ден на жалост
Премиерот Стефан Јанев најави дека бугарската влада размислува да прогласи ден на жалост поради трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ во која загинаа 46 патници, но и поради вчерашната трагедија во Бугарија кога во пожар во дом за стари лица загинаа 9 лица.
– Ни се случија две големи трагедии. Тие се заеднички и националноста не е важна, порача Јанев.