Шаленберг: Земјите од Западен Балкан да не чекаат на пристапувањето со ЕУ
Земјите од Западен Балкан да не чекаат на пристапувањето кон Европската унија, имаат многу нешта, кои може да ги прават заедно, порача денеска министерот за европски и меѓународни работи на Австрија Александер Шаленберг на панел дискусијата „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан”, што се одржува во Охрид во рамките на „Преспа форумот за дијалог”, пренесува Слободен печат.
Тој забележа дека Европската унија никогаш не била надвор од овој регион, посочувајќи дека би било добро и Америка да се додаде во Берлинскиот процес.
– Немојте да чекате на пристапувањето. Премногу сме фокусирани на тоа. Овој регион има многу што друго да понуди. Имаме многу блиски меѓучовечки и емотивни врски со регионот и она што го правите на регионален план дури и без нас, како Мини шенгенот и иницијативата што почна со Б6 е одлична и е брилијантна идеја, рече Шаленберг.
Целиот напис прочитајте го овде

