| |

МБП-Скопје со важна информација за сите бугарски државјани од РС Македонија

Здружението Македонско-бугарско пријателство Скопје преку соопштение до јавноста одговараат на неколку прашања поврзани со изборите во Бугарија и гласањето на истите од страна на граѓаните на РС Македонија, кои поседуваат и бугарско државјанство.

„Секој македонски државјанин кој се стекнал и со бугарско државјанство, има и адресна регистрација на територијата на Република Бугарија. Таа неретко е поинаква од адресата на престој без оглед каде се престојува ( во Бугарија, Македонија,земјите на ЕУ или вон ЕУ)

Граѓанскиот кодекс кои ги регулира овие прашања, вклучувајќи ги и прашањата на Централната Изборна Комисија во Република Бугарија,по правило, во севкупниот правен поредок, лицето, носителот на ЕМБГ/ЕГН, го врзува токму со податоците од адресната регистрација. Отсуството на правна комуникација на носителот на адресната регистрација со државните институции,најлесно се утврдува со континуирано некористење на избирачкото право. По правило, после секој изборен циклус, одреден број граѓани се принудени да го регулираат ова прашање пред локалните и националните власти на Република Бугарија.

За таа цел, обрнуваме внимание навреме да се земе во предвид кажаното погоре, за да се избегнат (повторно) непријатности кои значат време и пари.
Затоа, најлесно за оние што се на територијата на Република Македонија е да излезат и да гласаат во некоја од секциите – Скопје, Штип,Битола, Охрид, Кавадарци и Струмица!“, стои во соопштението на здружението Македонско-бугарско пријателство-Скопје.

Слични Објави