|

Прв заеднички состанок на националните комисии за УНЕСКО со Албанија утре во Охрид

Националните комисии за УНЕСКО на Република Северна Македонија и на Република Албанија, утре во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. Работната средба, како што е најавено, ќе ја координираат министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на националните комисии за УНЕСКО.

Седницата, како што информираат од Министерството за култура, е посветена на идната координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион, во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО и на средбата ќе учествуваат и министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Насер Нуредини како и неговиот албански колега, министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави