Словенечките и австриските пожарникари водат голема битка, ако не успееме ќе мора да се евакуира населението во Будинарци
Австриските и дел од словенечките пожарникари со цистерни и теренски возила утрово околу 10 часот се упатија над пехчевското село Будинарци.
Пожарот засега е со намален интензитет, но од тоа што го дознавме од утринскиот брифинг на словенечкиот тим, доколку огнот се спушти кон селото, ќе биде неопходна евакуација на цивилното население, пренесува zoom.mk.

