| |

ДИК: ИЗЛЕЗНОСТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ Е 36.87%, ЗА ГЛАСАЛЕ 91.48%

Државната изборна комисија утрово ги објави резултатите од обработени податоци од 98.61% од избирачки места. Според нив, на ниво на Македонија на референдум гласале 661.393 гласачи, а излезноста била 36.87%.

На прашањето: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, со ЗА одговориле 91.48% односно 605.016 гласачи, а ПРОТИВ се изјасниле 5.64% односно 37.312 гласачи.

Слични Објави