| |

СКОПЈАНКА ПРЕГАЗЕНА НА ПАРКИНГ, СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ ПРЕНЕСЕНА ВО КЛИНИЧКИ

На паркинг во Центар вчера била прегазена скопјанка и со тешки повреди е пренесена на клиниката „Мајка Тереза“.

Осумдесет и двегодишната О.О. околу 15:15 часот била удрена од автомобил „Мазда 3“ кој бил управуван од Г.С. (25) од Скопје, информираат од МВР.

Несреќата се случила на улицата „Даме Груев“ на паркинг простор.

Во незгодата со повреди се здобила О.О., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.



Слични Објави