РУМЕН РАДЕВ ЈА ДОБИ ПОДДРШКАТА ЗА ВТОР ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ

//

Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија одлучи да ја поддржи претседателската двојка Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат со 122 гласа „за“, ниту еден против и девет воздржани.

Членовите на Националниот совет формираа работна група за комуникација со претседателската двојка за формулата за нејзино номинирање, иницијативниот комитет и политиките што ќе ги бранат Радев и Јотова.

Групата за комуникација ќе биде предводена од лидерот на БСП, Корнелија Нинова и ќе вклучува високи претставници на раководството на партијата, меѓу кои и Кристијан Вигенин, поранешен министер за надворешни работи во времето на премиерот Пламен Орешарски, во периодот 2013-2014 година.



БСП ќе ги одобри политиките развиени од Извршното биро, кои ќе бидат предмет на разговори помеѓу работната група и претседателската двојка за нејзиниот втор мандат.

Додека раководството на БСП имаше состанок, младинската организација на БСП скандираше за оставка на Корнелија Нинова.

Претходна статија

АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА ОБВИНУВААТ: ФИРМА ПОВРЗАНА СО АМБАСАДОР ОД ДУИ ДОБИЛА ТЕНДЕР ОД 488 ИЛЈАДИ ЕВРА

Следна статија

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 42 ПАЦИЕНТИ, А ВКУПНО СЕ ЛЕКУВАAТ 702 БОЛНИ

Најново од Вести