АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА ОБВИНУВААТ: ФИРМА ПОВРЗАНА СО АМБАСАДОР ОД ДУИ ДОБИЛА ТЕНДЕР ОД 488 ИЛЈАДИ ЕВРА

Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска на прес-конференција објави, како што велат, нов корупциски скандал во власта, сличен на случајот со поранешниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски. Овој, според партиите на Села и Гаши, е во Управата за матични книги, каде на чело е Бујар Дардишта од ДУИ.

Алијанса и Алтернатива на денешната прес-конференција се повикаа на информации во медиумите, според кои во име на дигитализација на матичните книги, во оваа институција бил објавен тендер во вреднос од 480 000 евра, кој го добила компанијата „Нова инв“.

Од партиите на Села и Гаши тврдат дека таа е сопственост на син на бивш функционер од ДУИ и актуелен амбасадор во една европска земја, основана пред три месеци или само еден месец пред да се објави јавната набавка.