МИЦЕВСКИ: ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА СЕДНИЦА ЗА ЕКОНОМСКИОТ ПАКЕТ МЕРКИ

//

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на утрешната 36. седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет мерки, изјави вечерва координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Собранието и ќе учествува во работата на 36. седница. Доколку немаат пратеници, сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во пленарната сала. Нема да бидеме внатре на 32. седница. Работа на претседателот на Собранието е да констатира има или нема кворум за 32. седница. Доколку има кворум, работи по 32.седница и завршува со неа. Доколку нема кворум, не ја ни почнува или констатира и ја презакажува за некој нареден период – рече Мицевски.



Претходна статија

ПОГРЕБАН БРИТАНСКИОТ ПРИНЦ ФИЛИП

Следна статија

АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА ОБВИНУВААТ: ФИРМА ПОВРЗАНА СО АМБАСАДОР ОД ДУИ ДОБИЛА ТЕНДЕР ОД 488 ИЛЈАДИ ЕВРА

Најново од Вести