Македонија треба да му плати отштета на Јован Вранишковски
Македонија ќе треба да му плати отштета на Јован Вранишковски, бидејќи не дозволила регистрација на Грко-православната охридска архиепископија на пеќката патријаршија, пресуди Европскиот суд за човекови права. Постапката е иницирана со жалба против Република Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи од страна на „Православната охридска архиепископија”, подоцна преименувана во „Грко-православнаохридска архиепископија на пеќката патријаршија”, верско здружение на кое не му било дозволено регистрирање на национално ниво („здружението жалител”), на 25 декември 2006 година. Здружението жалител навело, особено, дека одбивањето на тужената држава да го регистрира гипрекршило неговите права на слобода на вероипосвест и здружување и го прекршило начелото на забрана на дискриминација. Судот пресуди дека одговорната држава треба да му ги исплати на жалителот 4.500 евра, плус било какви такси кои можат да бидат наплатени
во однос на нематеријалната штета и 5.000 евра.
Извор: Емагазин

