| |

Дали претседателот на историската комисија проф. д-р Ѓорѓиев, ќе го негира тоа што самиот го напишал?!

Facebook статус на Тони Коцев

Дали докторот по историски науки Ванчо Ѓорѓиев , назначен за претседател на историската комисија , од оваа нова позиција во иднина ќе го негира и плука тоа што тој самиот го напишал :

„Во првите години по формирањето , организацијата била позната под името БМОРК ( Бугарско – Македонско Одрински Револуционерен Комитет ) . За таа цел било потребно пробудувањето на сознанието за самозаштита на БУГАРСКОТО население во Македонија“.

Според Ванчо Ѓорѓиев , член на организацијата можел да биде секој БУГАРИН . Историчарот Ѓорѓиев во СВОЈАТА книга „ВМРО 1893-1903 Поглед низ документи“ (бел. уред.) го прикажува македонското население како БУГАРСКО врз основа на документи од тој период . Посебно нагласувам на некои од моите пријатели Македонци да не фрлаат со дрва и камења по мене , тоа Ванчо Ѓорѓиев го напишал во книга , НЕ јас. Јас тврдам дека денес ,припадниците на мнозинското христијанско население во Македонија се определуваат како етнички македонци , што не е случај со преродбениците и револуционерите , тие ( барем оние што ги славиме ) во најголем случај оставиле траги што писмени , што преку своите дела дека се Бугари.

Јас ве разбирам дека истакнувањето на фактите од историските настани ( најчесто од македонски извори , како во случајов со книгата на македонскиот историчар Ванчо Ѓорѓиев и многу други такви ) ве плаши ако ја погледнете вистината право во очи и го перцепирате како напад на македонската национална и етничка гордост . Но , рано или касно , мора да се помине низ голготата за вистината !



Слични Објави