Санкционирани 41 технички неисправни возила што вршат јавен превоз на патници
Министерството за внатрешни работи на територијата на Република Северна Македонија, вчера спроведе зајакната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници (автобуси, такси комбиња и други), соопштија од МВР.
– Притоа, биле откриени и санкционирани 41 технички неисправни возила, кои биле соодветно санкционирани. Најголем број од возилата имале неисправни уреди за запирање, а седум не извршиле вонреден технички преглед. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, информираат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

