|

Симовски: Бројките за попишаните како Бугари на пописот се чиста глупост

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски го определи како чиста глупост податоците со наводниот број на попишаните како Бугари на пописот што е во тек.

Симовски во емисијата „Утрински брифинг“рече дека никој досега немал пристап до базата со податоци за да може да постои таква информација.

„Тоа е „чиста глупост“ и мислам дека такво нешто не заслужува коментар. Никој жив досега нема влезено во податоците кои се собрани од пописот. Ниту едно, единствено лице. Целиот систем е со однапред предвидена заштита за било какво влегување во него, па дури и од нашите вработени“, изјави Симовски.

Симовски посочи дека податоците ќе бидат достапни откако ќе заврши пописот и вкупната обработка.

Слични Објави