| |

Д-р Даниловски: Македонското здравство личи на башибозук

Универзитетскиот професор д-р Драган Даниловски во изјава за ТВ 24 вели дека македонското здравство личи на башибозук. Тој утрово потсети дека Македонија е на врвот во светот по смртност од Ковид-19.

„Треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, во САД е под 10%. Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните. Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секоја критика“, вели Даниловски за ТВ 24.

Слични Објави