Ле Риголер: “Уставни амандмани за продолжување ЕУ-преговори”, Мицкоски: “Со нерелевантни услови запирам ЕУ-преговори”
Ивон Величковски
Париз до сега има направено повеќе видливи потези за да го помогне евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Два од нив се низ изјави на француските амбасадори во Скопје. Во 2019 амбасадорот Тимоние ја отвори темата за 10 семејства кои ја држат земјата во заложништво.
Денес амбасадорот Ле Риголер потврди дека преговорите продолжуваат со исполнувањето на обврската од Преговарачката рамка за уставни дополнувања.
Најробусниот дипломатски потег на Париз е самиот “европки компромис”, кај нас наречен “француски предлог” – што на Скопје му даде:
дистинкција на македонскиот и бугарскиот народ со уставните амандмани на кои
се обврза, а
инсистира (!), и
патоказ на постапки и реформи со кој (низ Преговарачката рамка) е усогласен јасен и мерлив процес на пристапни преговори на
.
Имено низ “францускиот предлог”,
напушти своја многудецениска позиција, но не отстапи од поддршката на
-интеграцијата на
.
И од тој момент Скопје преговара за
членство само со Брисел. Оттука:
Адресирајќи барања кон Софија, Мицкоски се обидува да се вклучи во кампањата за предвремените избори таму, и
Барајќи дополнителни “гаранции” ја саботира Преговарачката рамка и на Брисел му порача дека отфрла ЕУ-интеграции.
Со тоа тој и неговата партија јавно одбиваат преговори за членство во
бидејќи низ нив:
се остварува интересот на македонскиот народ и нацијата на
за системски и институционални реформи, но
не се гарантира монополот врз власта од олигархијата и 10-те семејства преку партиите.
Парламентарната опозиција (особено онаа од македонскиот електорат) во следните 5 дена има можност да докаже дали е лојална на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија или на Мицкоски.
Доколку оваа недела не ги поднесе уставните амандмани во процедура – лојална му е на Мицкоски, сосе олигархијата и 10-те семејства.
Поднесувањето на уставните амандмани согласно Преговарачката рамка ќе ја разниша Владата на Мицкоски. Затоа “додека сум јас премиер” не е доказ за цврстина туку за мака што оваа политика на Владата и ВМРО-ДПМНЕ ќе важи само додека тој е премиер.
И не, сето ова не се покрива со стратешки дијалог со САД.
