| |

Одбележуваме 145 години од раѓањето на големиот бугарски дипломат и државник од Македонија Симеон Радев

На денешен ден се навршуваат 145 години од раѓањето на големиот бугарски дипломат, државник и автор на историографското дело „Строителите на современа Бугарија“, македонскиот Бугарин Симеон Радев.

Симеон Радев е роден е роден на 19 јануари 1879 г. во Ресен. Автор е на едно од наjважните историографски дела во времето на Царство Бугарија „Строителите на современа Бугарија“. Бил бугарски дипломатски претставник во Букурешт, Берн, Хаг, Анкара, Вашингтон, Лондон и Брисел, исто така и прв бугарски претставник во Друштвото на народите во Женева. Бил истакнат член на Македонскиот научен институт. Бил близок до ВМОРО и ВМОК. Бил исто така близок и до Борис Сарафов, поради таа причина бил во остар конфликт со санданистите и посебно со физичкиот убиец на Борис Сарафов-Тодор Паница.

По Младотурската револуција од 1908 година го поддржува Соjузот на бугарските конституциони клубови.

Симеон Радев е член и на бугарската делегација при потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година и при потпишувањето на Солунското примирје во 1918 година. Големиот бугарски државник, дипломат и публицист умира во Софија на 15 февруари 1967, неколку дена по излегувањето на неговите „Ранни спомени“.



Слични Објави