| |

КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА СЛЕДНАТА ГОДИНА СТРУМИЦА ЌЕ ДОБИЕ НОВА БОЛНИЦА

Следната година, по долги години, Струмица ќе има нова болница, информираше министерот за здравство, Венко Филипче при неодамнешната посета на струмичката болница.

Филипче додаде дека владата заедно со министерството за финансии работи на обезбедување буџет за опремување на болницата.

Министерот Филипче потенцираше дека во рамки на политиките на владата за инвестирање во младиот кадар и во платите на здравствените работници се очекува и зголемување на бројот на вработените во новата болница во Струмица.

Објектот за новата болница почнал да се гради во далечната 1986 година. Осум години подоцна изградбата била запрена, откако на неуспешен референдум струмичани не се согласиле да издвојуваат средства за продолжување на изградбата.



Слични Објави