ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО НЛБ БАНКА ВО САРАЈ

//

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај се случил грабеж од страна на вооружена група разбојници, информираат од банката.

Од таму додаваат дека во моментот на грбежот во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, кои сега се безбедни и во добра состојба.

„Претставници на банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план“, велат од НЛБ.

Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета.



Органите вршат увид на местото на настанот и се во блиска соработка со раководството на банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите.

Од НЛБ Банка додаваат дека средствата на клиентите се сигурни бидејќи банката има осигурување на целиот свој имот и средства.

Претходна статија

СВЕТСКИ ЕВРЕЈСКИ КОНГРЕС: ОБРАЗОВАНИЕТО ЗА ХОЛОКАУСТОТ ВО АМЕРИКАНСКИТЕ УЧИЛИШТА ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Следна статија

МИЈАЛКОВ: КАЖЕТЕ ДА НЕ СЕ БРАНИМЕ, ДОНЕСЕТЕ ПРЕСУДА И ГОТОВО

Најново од Вести