| |

МИЈАЛКОВ: КАЖЕТЕ ДА НЕ СЕ БРАНИМЕ, ДОНЕСЕТЕ ПРЕСУДА И ГОТОВО

„Кажете да не се браниме. Донесете пресуда и готово!“ – изјави Сашо Мијалков за време на рочиштето за случаите „Таргет и Тврдина“, односно за незаконското масовно прислушување во УБК.

Поранешниот директор на УБК, во својство на обвинет вкрстено го испрашуваше сведокот Сашо Трајковски, вработен во Управата. На моменти Мијалков реагираше дека сведокот не одговара конкретно на неговите прашања, дека одговорите не му се усогласуваат со оние претходно дадени на записник и сл.

Рочиштето го водеа судиите Владимир Туфеѓџиќ и Џанета Беговиќ.



Слични Објави