СДСМ: Студентите од „Гоце Делчев“ живеат во мувла, студени соби и распаднати тоалети
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се соочуваат со лоши услови за живот, вклучително недостаток на топла вода, несоодветна храна и нехигиенски услови.
Тој ја обвини власта за, како што рече, злоупотреба на јавни средства преку тендери и партиски вработувања, додека младите живеат во лоши услови.
„Наместо европски студентски стандард, модерни кампуси и услови какви што имаат младите во Европа, македонските студенти добиваат мувла, студени соби, мувла и распаднати тоалети“, рече тој.
Огњеновиќ порача дека младите во земјата заслужуваат подобри стандарди и услови блиски до европските.
