Јанев: Мојата кауза е Бугарија и нејзиниот просперитет

//

Новата службена влада во Бугарија положи заклетва, откако беше именувана со декрет на претседателот Румен Радев, јавува БГНЕС.

Службен премиер повторно е Стефан Јанев. Во зградата на Претседателството, Јанев му се заблагодари на претседателот Радев за довербата и ценењето за она што го направил владиниот кабинет.

Треба да гледаме напред. Новиот кабинет и неговите должности можат да бидат фокусирани во две насоки – организација на фер и слободни избори, нагласи Јанев.

Изборите се темел на демократијата, се надевам дека бугарските гласачи се мотивирани и ќе имаме конструктивна конфигурација во следниот парламент. Ни треба влада поддржана од стабилно парламентарно мнозинство, додаде тој.



На Бугарија и треба одржлива перспектива. Времето пред нас нема да биде лесно. Тешки месеци се пред нас и ќе треба да се вложат многу напори за да се решат проблемите на граѓаните, ефикасно да се справиме со кризите и да се спречи појавата на нови кризи. Кабинетот ќе ги вложи сите напори да ги заштити интересите на граѓаните.

Оценката за кабинетот ќе ја дадат бугарските граѓани. Ќе продолжам да работам совесно и одговорно во интерес на мојата земја. Каузата е една – Бугарија и нејзиниот просперитет, рече Стефан Јанев.

Претходна статија

Промени за влез во Швајцарија, Белгија и Австрија, важат и за македонските граѓани

Следна статија

(Видео) Германските форензичари пристигнаа во опожарената модуларна болница во Тетово

Најново од Вести