АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО НЕКРОПОЛИТЕ НА „МАЛИ ДОЛ“ ВО С. ТРЕМНИК, НЕГОТИНО
Музеј на град Неготино во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија започна археолошки ископувања на локалитетот „Мали Дол“ во с.Тремник…
Во рамки на ископувањата на овој локалитет кои во континуитет се одвиваат од 2009 година, откриени се 77 погребувања, а пронајдени се голем број на разни керамички садови, накит, бронзени игли, урни и други керамички и метални предмети кои датираат од доцното бронзено време, преодниот период од бронза во железно време како и од средниот век.
Сите гробните ритуали, движниот археолошки материјал и антрополошките остатоци, овозможуваат да се реконструира слика на постоење на една зедница од крајот на бронзеното време, која со сите специфики припаѓаат на Уланечката културна група. Оваа приказна ќе биде преточена во археолошка изложба насловена „Некрополите на Мали Дол“,која треба да се реализира во септември годинава во изложбениот салон на Музеј на град Неготино.
