ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ОЛИВЕР СОКОЛОВ – СОКОЛ“
Оливер Соколов – Сокол е еден од основачите и водачи на навивачката група Комити. Сокол на 18.08.1994 година во сообраќајна несреќа трагично го загуби својот живот поради залагањата на Комити во рамките на ФК Вардар.
Во негово име повторно се возобновува турнирот во мал фудбал, кој традиционално 16 години успешно се одржуваше под покровителство на жителите на Карпош 1 и Општина Карпош на игралиштето „Сокол” кое е во склоп на О.У „Христијан Тодоровски Карпош“ – во Карпош 1.
Овој турнир стана синоним за сите турнири во нашата држава и од година во година беше, е и ќе остане најдобро организиран и најпосетуван турнир во мал фудбал со амбиција конечно да прерасне во меѓународно натпреварување.

