| |

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МБП ДЕЛ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОТ НА ВРАЦА И ХРИСТО БОТЕВ“

Делегација на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство беше дел од конференцијата ” Проблемите на Бугарите во туѓина” којашто се одржа во градот Враца, Република Бугарија, како дел од манифестацијата „Денот на Враца и Христо Ботев“.

За време на конференцијата претставниците на МБП имаа можност да се сретнат со Претседателот на Република Бугарија, г-н Румен Радев и да ги презентираат активностите на Здружението, и да разговарат за проблемите со кои се соочуваат Бугарите од Македонија. Како дел од основните потешкотии беа спомнати недостигот на училишта и подготвителни курсеви за изучување на бугарскиот литературен јазик, малиот број на слободни места во бугарските универзитети за студенти од Македонија и постојаните административни пречки во постапката за стекнување на државјанство на Република Бугарија.

Покрај Претседателот на Републиката, претставниците на МБП имаа прилика овие забелешки да им ги пренесат и на пратениците од Народното Собрание на Република Бугарија. За една од забелешките Претседателот Радев изјави дека ќе се реши што е можно поскоро – станува збор за времетраењето на потпишување на одобрените државјанства од страна на Потпретседателот на Републиката.

МБП ја користи оваа прилика да им се заблагодари на прекрасните домаќини, за гостопримството на Красимир Богданов, сите членови на ВМРО-Враца, на локалната самоуправа,на советниците од Општина Враца и на сите жители на градот домаќин.

Слични Објави