ПАДОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ И РАСПАДОТ НА ДУИ

Повторно на дневен ред доаѓа Заев кој спроведува некакви „метли“ и „прочистувања“, но всушност сето тоа наликува на една внатрепартиска игра, која се повеќе станува смешна и несериозна. Целата приказна се креира за да се добие глас повеќе, но како одминува времето се повеќе се губи. Во „метлата“ прочистените од СДСМ станаа национални херои, а додека пак тие од „машката“ страна (ДУИ) добиваат се поголеми чинови за нивната неспособност. Додуша „машкава“ страна се понаша како да се „Freelancing“ (Хазби Лика ке го назначеле за„Supervisor“) , па имаат можност да заработат од дома. Тешко дека и датумот за преговори ке може да му промени нешто на премиерот, а пак за машкава страна тешки денови доаѓаат.
Кога сме веќе кај ДУИ овие денови се доста актуелни со нови „бомби“, кои всушност премиерот ги предал, барем така кажа. A образложението на повеќето функционери на ДУИ е многу едноставно: приватни разговори, нема ништо посебно и дека не ги засегало тоа нив, впрочем тоа било работа на институциите. Сепак се работи за „заштитениот вид“, па јасно е дека таму криминалот, убиствата и други детски игри се секојдневие и нешто најнормално. Додуша премиерот почна да ги објавува, но целата акција беше стопирана, бидејќи се пројави „љубов“ меѓу Заев и Ахмети. Но дали и доаѓа крајот на „Љубовта“? Останува да видиме…Другарчињата од ДУИ одамна ја фатија удолницата, но сега им се спрема и целосна ликвидација од политичката сцена.

Како што сме веќе навикнати на премиерот постојано му прават „заседи“, таман ќе му тргне на човекот „одејќи напред“, некој ќе го сопне. Првиот и најнезгодниот виновник е секако писателот од Будимпешта, а всушност може и да е Илија Громовник (следни се Ванче Ураганче, Трајче Торнадото) … Потоа се појавува Интерпол кој не си ја врши работата, а пак нашиот министер Оливер дури е и зачуден од неагилноста и несериозноста на Интерпол… Следен во низата е УНЕСКО кој се појави во градот Охрид и му ги замрси сметките на премиерот…И за крај на патот кон е ЕУ, Франција која тешко ќе ја преброди. Впрочем и сите се поврзани со Грујо јас лично не знам како, но Зоран Заев го знае тоа…

За жал, нашиот премиер се повеќе пропаѓа и го оправдува на некој начин називот на недооформен демагог, впрочем велам недооформен бидејки ораторките способности му се слаба страна да не речам под нулата. Што се однесува пак на останатиот дел одлично го има сработено…Подгревајќи го народот и задавајќи си задачи за кои и самиот не е способен да ги одработи. Ветувајќи економски бомби, европски живот, правна држава, владеење на правото, бесплатно здравство, враќање на данокот и многу други празни ветувања. Тука доаѓаме и до последниот стадиум од оваа фарса, а тоа е падот на овој суперхерој. Впрочем целата ситуација повеќе ми наликува на пепелашка, помина 12 часот и си останавме со тиквата…Време е да се вратиме во реалноста. Не би сакал да шпекулирам, но најкасно март ќе ни дојдат предвремени избори и на истите некој ке падне, а богами и некој ќе се распадне.

На народот му е преку глава од вакви недооформени и оформени, па затоа и голем дел ја напушти државата, а тие што останаа го игнорираат целиот процес. Но едно сум сигурен:
Сѐ додека бегаме и се криеме стануваме соучесници и дозволуваме да ни ја растураат и приватизираат државата. Затоа излезете од комфорната зона и потрудете се да промените нешто, ако не за вас, за вашите идни генерации.

Автор: Даниел Јорданоски-ГДУ Охрид



Претходна статија

ЛАТАС ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА СИТЕЛ

Следна статија

ВИДЕО: ВО РУСИЈА ИМА ПИРАМИДИ ПО СТАРИ ОД ЕГИПЕТСКИТЕ

Најново од Разно