|

Лога со Здружението на судиите, во фокусот заложбата за итни интервенции во Законот за Судскиот совет

Министерот за правда, Кренар Лога, одржа работна средба со претседателот на Здружението на судиите, Џемаили Саити, и претседателот на Советодавното тело за судиска етика, Шпенд Деваја.

На состанокот се разговараше за состојбите во судството и актуелните случувања во Судскиот совет.

Беше истакната заедничката заложбата за итни законски интервенции во Законот за Судскиот совет и потребата од воспоставување видливи и ефикасни механизми за утврдување евентуална одговорност, односно отповикување на членовите на Судскиот совет, притоа промовирајќи ги механизмите на судска саморегулација преку зголемување на улогата на Здружението на судиите.

Лога беше информиран од страна на претседателот на ЗСРСМ, Џемаили Саити, за тековните активности на Здружението на судиите во однос на статусните прашања на судиите, независноста и самостојноста на судскиот систем, како и ставот на Здружението за последните случувања во контекст на нарушената доверба и мерките што се преземаат во насока на нејзино подобрување.

Тој ги презентира своите видувања во однос на овие и други прашања, кои се однесуваат на ефикасноста и независноста на судскиот систем, притоа фокусирајќи се на новата стратегија, која е во изработка, и на прашањата што се опфатени во неа.

Министерот ја истакна потребата од зголемување на напорите на судиите во насока на придобивање на довербата на граѓаните и потребата од континуирана надградба на правната регулатива, која би придонела кон евидентирање на евентуалните правни недоследности при постапувањето на судиите и судските органи.

Слични Објави