ГДУ-КУМАНОВО: КОЈ ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПАЛЕЊАТА НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ?
„Гори ватра сад у нама- во стилот на турбофолк музиката ви го честитаме денешното загадување на воздухот. Повторно нешто гори, а одговор што и како, нема. Нема кој да излезе на терен и да санкционира. Не се виновни институциите за палењето.
Ама имаат одговорност за санкциите, казните што очигледно се неопходни. Не може вака да се оди до недоглед. Сите сме при очи слепи, па никој не приметуваме дека загадениот воздух не е производ на домаќинствата, туку на палењето на дивите депонии и тоа кој каде сака и кога сака.
Епа мора да интервенира тука државата. Не е само несовесноста на граѓаните туку можеби е и милионски бизнис на палење на забранети материи. Цело Куманово ни стана една голема депонија и мора веќе да се бориме со тоа. Доста беа изговорите дека граѓаните се предизвикувачи и дека гори само ѓубре од домаќинствата.
Сега треба силно напред. Граѓанско Демократска Унија- Куманово бара видливост на терен и на полицијата и на инспекциите и тоа веднаш секаде каде што ќе биде воочено чад. Секоја контрола ќе вроди со плод така да значително ќе се намали ова палење. А и граѓаните ќе започнат да внимаваат на своите постапки, кога знаат дека некој воведува ред.
Општина Куманово и МВР-вие сте на потег. Вие сега ја имате улогата на екологисти и заштитници на Куманово, па оправдајте ја довербата на сите оние граѓани, кои ја сакаат и заштитуваат својата природа. Сепак имаме право да живееме во здрава и чиста животна средина“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.

