ЧОВЕКОТ КОЈ СТРЕЛАШЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО ФЛОРИДА ОСУДЕН ДОЖИВОТНО

Вести Истакнато Свет

Пет доживотни затворски казни и 120 години затвор судот му досуди на судот во американската држава Флорида му досуди на ветеран од војната во Ирак и убиец на петмина,  Естебан Сантијаго. На 6 јануари 2017 година, тој отворил оган врз луѓето во делот за подигање багаж на аеродромот во Форт Лодердејл, при што загинаа пет лица, а беа повредени повеќе од 40 лица.

Според судијата Бет Блум, дејството на Сантијаго на аеродромот можат да се изедначи со „85 секунди зло”: тоа е времето што поминало од почетокот на пукањето пред криминалецот да биде уапсен од страна на полицијата. Тој беше обвинет за насилни дејства што довеле до смрт на луѓе – објави РИА Мио.

По апсењето на Естебан Сантијаго, беше објавено дека тој е ветеран од војната во Ирак, тој претходно бил во центарот на вниманието на специјалните служби. Утврдено е дека имал психички проблеми. За време на процесот, Сантијаго ја признал својата вина, што му овозможило да ја избегне смртната казна.