ШЕФОТ НА КАТАЛОНИЈА ПОВИКА НА НАПАД ВРЗ ШПАНИЈА

Вести Истакнато Свет

Каталонската влада е решена да ја спроведе идејата за република, како ветувања на Кабинетот и парламентарното мнозинство. Ова го изјави шефот на автономијата Јоаким Тора, говорејќи на годишнината од терористичките напади во Барселона и Камбрилис.

„Ќе одиме напред за да направиме вистинска република… Ќе ја нападнеме оваа неправедна шпанска држава”, истакна Тора.

Тој додаде дека неговата влада ќе бара ослободување на политичките затвореници од шпанските власти за организирање на нелегалниот референдум за независност на Каталонија.

Автономијата во Каталонија беше обновена на почетокот на јуни 2018 година, меѓутоа по изборните резултати, локалниот парламент остана со поддржувачите на независноста на регионот.

Во моментов, обвиненија за спроведување „нелегален” референдум за независност се поднесени против 25 каталонски политичари, девет од нив се во затвор, уште шестмина, вклучувајќи го и поранешниот шеф Карлос Пучдемон, беа ставени на листата меѓународни потерници. Меѓутоа, во јули 2018 година, Врховниот суд на Шпанија ги повлече потерниците за нивно апсење и екстрадиција.