ПУТИН СЛЕТА ВО ГРАЦ НА ВЕНЧАВКАТА НА ШЕФОТ НА АВСТРИСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Вести Истакнато Магазин Свет

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Австрија за да учествува на венчавката на министерот за надворешни работи на земјата, Карин Кнајл, објави австрискиот телевизиски канал Oe24.

Како што е наведено, авионот на рускиот лидер слетал на аеродромот во Грац, што се наоѓа на југот од сојузната држава Стирија. Според информациите со кои располагаме, Путин ќе лета од аеродромот до свадбената церемонија со хеликоптер.

Поканата за венчавката рускиот претседател ја доби од шефот на австриското Министерство за надворешни работи во јуни, кога беше во посета на Виена. Свадбен подарок ќе биде настапот на реномираниот фолклорен ансамбл „Козаци“ од Русија.

Беше објавено дека околу стотина гости ќе се соберат на свадбата. Меѓу поканетите ќе бидат канцеларот Себастијан Куртц, кој можеби ќе се состане со Путин. Невестата Карин Клајнс, исто така, има намера да одржи работна средба со рускиот лидер.

Околу 300 полицајци и 50 членови на специјалната единица „Кобра” се задолжени за безбедноста на настанот. Територијата во близина на ресторанот и околните патишта ќе затворени на неколку часа.