| |

Денков: Жалиме за загубата на големиот бугарски писател Алек Попов

Жалиме за загубата на големиот бугарски писател Алек Попов, напиша премиерот на Бугарија во оставка академик Николај Денков на Фејсбук страницата на Владата на Република Бугарија.

„Алек Попов прерано го напушти овој свет. Тој ни ги остави своите вечни дела, кои продолжуваат да ги возбудуваат умовите и срцата на неговите многубројни читатели дома и во странство“, пишува Денков.

Со својот талент трасираше нови патишта за квалитетен хумор во современата бугарска литература, додава премиерот во оставка.

Ќе го паметиме со неговото светло перо, со неговата изворна мисла и со неговите силни пораки до општеството. Искрено сочувство до неговите роднини! Почивај во мир!“ стои во објавата на премиерот Николај Денков.

Слични Објави