| |

Поранешни бугарски функционери и општественици инсистираат членството на Бугарија во ЕУ и НАТО да биде запишано во Уставот на земјата

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, поранешниот шеф на бугарската дипломатија Соломон Паси, поранешната амбасадорка на Бугарија во САД Елена Поптодорова и други јавни личности и организации предлагаат членството на Бугарија во ЕУ и НАТО да се впише во Уставот на земјата.

Тие бараат уште да се забранат референдуми за напуштање на евроатлантските структури.
„ЕУ и НАТО претставуваат некои фундаментални основи за бугарскиот развој“, објаснува за БНР Љубомир Иванов, поранешен пратеник од СДС.

„Тие се важни за безбедноста и благосостојбата на бугарските граѓани“, додава поранешниот пратеник од редовите на Сојузот на демократските сили.

Во допис до институциите, поднесувачите на предлогот дале и други предлози за измени на Уставот на Република Бугарија.

Слични Објави