(Видео) Еве што вели „борецот против бугаризацијата на Македонија“ Антонијо Милошоски на гробот на последниот цар на планините Тодор Александров во Пирин планина

//

„Најголемата надеж ми е дека еден ден, овде освен знамиња на Република Б’лгарија ќе видам и заеднички знамиња на Б’лгарија и на Македонија. Едно заедничко државно чествување на овој велик херој, кој животот го даде за слободата на поробена Македонија“, со овие зборови сегашниот голем борец против „бугаризацијата“ на РС Македонија Антонијо Милошоски им се обратил на присутните на одбележувањето на годишнината од смртта на Тодор Александров, на гробот на војводата во Пирин планина.

„Доколку не беше Тодор Александров, Македонија денес можеби ќе беше поинаква, а можеби и во Б’лгарија многу немаше да ја запаметат, таква каква што требаше да се запамети “, вели Милошоски.

„Единствено што ми останува е само да си поставам неколку в’проси, доколку беше жив денес Тодор Александров, дали ќе се радуваше на положението, кое денес, се уште владее во Република Македонија и ментално и политически и физически. Но она за што треба да се радува е дека во Република Македонија, тој навистина го добива заслуженото место во македонската историја и се надевам дека еден ден не само тука, туку ќе појдеме на поклонение и во неговото родно село Ново село во Штипско… Мир на праха му и да живее Македонија“, завршува Милошоски.

Потсетуваме дека одбележувањата на годишните од смртта на Тодор Александров се одржуваат на гробот на големиот војвода во организација на ВМРО-БНД.



Видеото што следи е испратено до нашата редакција од наш извор во Бугарија. Нашиот извор тврди дека истото е снимено во 2004 година, две години пред партијата на Милошоски ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт во тогашната Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години на располагање да го организира тоа заедничко чествување на Тодор Александров, но не го направи.



Претходна статија

Илија Димовски со веста на деценијата: Не познавам никого во ВМРО-ДПМНЕ кој има бугарски пасош

Следна статија

Сончево и топло време со темпераури до 34 степени

Најново од Вести