Илија Димовски со веста на деценијата: Не познавам никого во ВМРО-ДПМНЕ кој има бугарски пасош
Немам бугарски пасош и не познавам никого во ВМРО-ДПМНЕ кој има, изјави денеска во емисијата „Клик21“ поранешниот пратеник Илија Димовски.
Зборувајќи за граѓаните на кои им се обезбедуваат бугарски документи, рече дека тоа го прават само од економски причини.
Зборувајќи за спорот меѓу Скопје и Софија, тој нагласи дека со Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот, на Македонија и било ветено дека се затворени сите прашања со сите соседи, но според него, се случува спротивното, кога денеска се отвораат дилеми од 19 век.
За протестите рече дека тие не се со антиевропска агенда, туку за заштита на македонскиот јазик и идентитет.